Posledné štyri takty ticha (Slovak)
Zmráka sa v revuálnych sálach, v karmínových očiach tanečníc, v ústrednom prepadlisku monumentálneho poprsia a v snežení pštrosích pier. Zjesenieva sa hlboko v dreve, v kvetináčoch a botanických záhradách. Zhasína sa v posledných oknách ministerstiev zostrojených z umakartu, telefónnych drôtov a výplatných pások. Jesenné listy prísne tajných spisov vietor doručuje do nepovolaných rúk nočných chodcov. V parkoch hliadkujú rozcitlivení milenci, po zuby ozbrojení rýchlopalným sentimentom kalibru štyridsať päť. A potom vždy neúprosne svitá. Nad stránkami novín syčia žeravé odliatky snov pri dotyku s ľadovým vzduchom. Komparz oduševnene stelesňuje svoju hlavnú rolu a bezradný režisér s tvárou v dlaniach a vyrazenými poistkami v hlave si do zbláznenia opakuje posledné štyri takty ticha. Uploaded by | Répás Norbert |
Publisher | Atrakt, Bratislava 1991 |
Source of the quotation | Hurá horí!, ISBN 80-85543-00-1 |
Bookpage (from–to) | 66-67 |
Publication date | 1991 |
|
|
Четирите последни тактови на тишината (Macedonian)
Се смрачува во свечените сали, во кармино-црвените очи на танчарките, во централната препаст на нивните монументални гради и во снегопадот од ноеви пердуви. Се смрачува во купот дрва, во цвеќарниците и ботаничките градини. Се гаснат и последните прозорци на Министерствата изградени од средствата за декорација, телефонски жили и платени сметки. Есенски писма со тајни и точни дела ветрот директно ги врачува во рацете на некомпетентните ноќни минувачи. Во парковите патролираат разнежените љубовници, до заби вооружени со брзострелна сентименталност калибар черириесет и пет. Потоа постојано неумоливо свети. Над страниците на весниците сретнувајќи се со студениот воздух шиштат вжештените парчиња од сонот. Статистите воодушевени ја вежбаат својата главна улога а бесмоќниот режисер со скриено лице меѓу рацете и видлива заштита на главата до бессвест ги повторува послоедните четири тактови на тишината.
Uploaded by | Répás Norbert |
Publisher | „Григор Прличев“, Скопје |
Source of the quotation | Поправката на Титаник, ISBN 9989-661-48-0¬ |
Bookpage (from–to) | 62-63 |
Publication date | 2005 |
|
|