This website is using cookies

We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website. If you continue without changing your settings, we'll assume that you are happy to receive all cookies on this website. 

The page of Tasevski - Eternijan, Jovica, Macedonian biography

Image of Tasevski - Eternijan, Jovica
Tasevski - Eternijan, Jovica
(Јовица Тасевски - Етернијан)
(1976–)

Biography

Јовица Тасевски - Етернијан (25. 07. 1976, Скопје) е афирмиран македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“ - Прилеп и стручен советник е за македонска поезија во меѓународниот поетски проект „The Other Voices“ - антологија на светската поезија, која е вклучена во референтната листа на УНЕСКО.

Автор е на книгите: „Нешто се слуша“ (поезија; 1995 год.), „Визии. Глагол“ (поезија; 1997 год.), „Веда“ (поезија; 1998 год.), „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии; 2000 год.), „Клатно“ (поезија; 2001 год.), „Небесни стражи“ (поезија; 2004 год.), „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии; 2006 год.), „Синтакса на светлината“ (поетски избор, 2008 год.) и „Исход“ (поезија; 2012 год.).

Со Маја Апостолоска го имаат приредено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како тематски број (11/12. 2000 год.) на списанието „Стремеж“. Ја има составено и антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001 год.). Врз основа на неговата поезија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес беше изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска (2005 год.). Во книжевната периодика има објавено голем број поетски, критички и есеистички прилози. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.

Го има добиено интернационалното признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Британското поетско друштво и Светското поетско друштво.

(Editor of this page: P. T.)

Literature ::
Translation ::

minimap